Балкан
17. October 2018 - 15:01

Босанец држеле како роб, го тепале и му ги корнеле забите и ноктите: Почнува судењето на семејството од пеколот

Страотните фотографии на изгладнетиот Расим Ќуфуровиќ (37) од Велика Кладуша кој во потрага за работа завршил како роб на имотот во Драганиќ кај Карловац го згрозија регионот, па и светската јавност. Ужасниот случај на ропство наскоро би можел да добие свој судски епилог, потврдено е од Општинскиот суд во Карловац.

Предметот на 3. октомври и е доделен на судијката Блаженка Лугар - Владиќ, а на обвинителната клупа ќе се најдат членовите на монстуозното семејство Велиќ, таткото Петар и неговите синови Дражен, Иван и Игор, како и лицаа Т.В., М.Ј.,Р.Н. и Ј.А. од април 2016 до октомври 2017 година на својот имот ги присилувале Расим Ќуфуровиќ на тешка физичка работа без надомест, искористувајќи ја неговата сиромаштија.

Го малтретирале психички и физички, а на страотната судбина и побегнал во октомври минатата година, само затоа што Велиќ мислел дека умрел од повредите кои му ги нанеле кога го претепале. Го фрлиле полумртов зад имотот, од каде Расим ползел до соседите, кои потоа повијале итна помош па е префрлен во Општата болница во Карловац.

Изгореници и скршеници

Лекарите останале шокирани кога виделе во каква состојба е донесен Расим во болница, ја алармирале полицијата и клопчето брзо почна да се одмотува и полицијта дошла на имотот. Инаку Расим се здобил со повеќекратни удари по телото, скршеници на десната подлактица, искршени му се забите, скршена долната вилица па морал на операција. На грбот имал рани кои настанале, како што рекол, од тоа што бил полеан со спреј за чистење на папок на стока.

Нокти немал, му отпаднале зошто Велиќ со чекан го удирале по прстите од нозете и рацете, а поради постојаното тепање уринирал крв. Поради тоа загубил 30 килограми. Кога лекарите го опоравиле, сместен е во засолниште за жртви на трговија со луѓе.

Се бранеле со молчење

Обвинетите пред обвинителот се бранел со молчење или во целост негирале дека сториле кривично дело против човештвото и човечкото достоинство, а станува збор за трговија со луѓе, противправно одземање на слобода и нанесување тешки повреди.