Фудбал
21. December 2016 - 16:52

Борусија (М) бара нов тренер

Борусија му врачи отказ на тренерот Андре Шуберт, откако екипата во вторникот загуби во Менхенгладбах од Волфсбург 1:2.
 
„Изминатите денови доста разговаравме со Шуберт, анализиравме како екипата се развива на теренот и заклучивме дека е најдобро да се разделиме“, изјавил за германските медиуми спортскиот директор Макс Еберл.
 
По поразот од Волфсбург, Борусија Менхенгалдбах остана на само 16 бодови во исто толку одиграни натпревари во Бундеслигата.
 
Со скор од четири победи, исто толку нерешени и осум порази Борусија се наоѓа на 14-то место во Бундеслигата.