Ракомет
19. November 2018 - 10:57

Борозан го има четвртиот најубав гол на колото во ЛШ

Ракометарот на Вардар, Вуко Борозан го има четвртиот најубав гол во 8.коло од Лигата на шампионите. 

 
Иако Вардар беше убедливи поразен на гостувањето кај Барселона со осум голови разлика (34:26), сепак, Вуко Борозан се најде во изборот на ЕХФ за ТОП-5 најубави голови во оваа рунда. 
 
Борозан средбата ја заврши со три постигнати гола, а овој е на четвртото место на ТОП-5 листана. 
 
Од истиот меч, на второто место на листата се најде погодокот на Арон Палмарсон, додека најубавиот гол во изминатото коло го постигна ракометарот на ПСЖ, Уве Генсхајмер.