Борисов: Претстојат два многу тешки месеци против парите на олигархијата
Претстојат два многу тешки месеци против многу, многу пари со кои се соочува ГЕРБ, парите на олигархијата. Ова го изјави за време на Националното собрание на ГЕРБ премиерот во оставка и лидер на ГЕРБ Бојко Борисов.
– Направив неприфатливи грешки, кои нашите европски партнери ги сметаат за успеси, им рече тој на партиските активисти. Според дописникот на МИА од Софија, Димитар Николов и Јорданка Фандакова, градоначалниците на Бургас и Софија се ослободени од функцијата заменик-претседател на ГЕРБ.
Борисов коментира дека не ја изгубил довербата во нив, но за работата на партијата било потребно време, а тие како градоначалници го немаат. – Во периодот во кој тие двајца ги водат овие градови, тие станаа многу подобро место за живот, направени се многу работи, рече тој.
Борисов го номинираше поранешниот министер за надворешни работи на Бугарија, Даниел Митов, кој беше кандидат за премиер за време на 45-тото Национално собрание и вицепремиерот во оставка Томислав Дончев за заменици претседатели на ГЕРБ. – Со овој знак даваме јасен сигнал дека ГЕРБ е партија со јасна евроатлантска ориентација, смета Борисов.
Ново на Сител
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година
-
Папата Франциск за конфликтите во Украина и Газа: Договорен мир е подобар од бескрајна војна
-
Барселона го одврати Чави од заминување, нов договор до 2025-та
-
Уште еден гигант тргнува по ѕвездата на Манчестер Сити