Македонија
21. January 2020 - 16:43

Борисов од Давос повика ЕУ-перспективата на Западен Балкан да се стави високо во агендата на унијата

Европската перспектива на Западен Балкан мора да биде високо на агендата на Европската Унија. Во пресрет на мајскиот самит во Загреб, бугарскиот премиер ја повика унијата да ги отвори вратите за целиот регион и да покаже дека е созреана. Од маргините на светскиот економски самит во Давос, Борисов се фокусираше на важноста унијата да ја задржи политиката на проширување.

Реформите се неопходни како за модернизирањето и развојот  на Западен Балкан, така и за стабилноста и просперитетот на овој стратешки важен регион за ЕУ. Различните иницијативи и формати на регионална соработка во Југоисточна Европа взаемно се дополнуваат во поттикнувањето на политичката, економската и социјалната стабилност во регионот.

Регионалната соработка, меѓутоа, не е алтернатива на европската интеграција на Западен Балкан. Напротив, таа треба да придонесува за постигнување на стратешката цел за членството во ЕУ на земјите од регионот, истакна бугарскиот премиер.

Медиумското внимание во Давос го привлекоа и американскиот претседател Трамп и еко активистката Грета Тунберг која пред политичката и економската елита порача дека во пракса за заштита на животната средина и климата не е превземено речиси ништо. Еден час подоцна возврати и Трамп. 

Време е за оптимизам, не за песимизам. Тие само креваат паника и бараат иста работа: апсолутна моќ да доминираат, трансформираат и контролираат секој аспект од нашите животи“ порача Трамп.

На првиот ден од формуот Трамп ја пофали и американската економија во исто време која американските медиуми пресметаа дека неговото патување во Давос е најскапото досега и чини 3,4 милиони долари.