Борисов од Давос: Ги подржуваме напорите на Западен Балкан на патот кон ЕУ
Бугарија постојано ги поддржува напорите на земјите од Западен Балкан на нивниот пат кон членството во ЕУ, забележа бугарскиот премиер Бојко Борисов за време на својот говор на панелот „Дијалог за дипломатијата на Западен Балкан“, во рамките на Светскиот економски форум во Давос.
Пред учесниците на панелот бугарскиот премиер акцентот го стави врз исклучително важното задржување на улогата на политиката на проширување на ЕУ како катализатор за реализирање на клучните реформи во земјите од регионот.
-Овие реформи се неопходни како за модернизирањето и развојот на Западен Балкан, така и за стабилноста и просперитетот на овој стратешки важен регион за ЕУ, посочи премиерот Борисов.
Според него, различните иницијативи и формати на регионална соработка во Југоисточна Европа взаемно се дополнуваат во поттикнувањето на политичката, економската и социјалната стабилност во регионот.
-Регионалната соработка, меѓутоа, не е алтернатива на европската интеграција на Западен Балкан. Напротив, таа треба да придонесува за постигнување на стратешката цел за членството во ЕУ на земјите од регионот, истакна бугарскиот премиер.
„Бугарија, заедно со Република Северна Македонија од 1 јануари 2020 година се домаќини на Берлинскиот процес“, уште кажа Борисов од Давос. Двете земји, додаде, го презедоа овој одговорен ангажман како природно продолжение на постигнувањата за време на бугарското претседателство со Советот на ЕУ и вадењето на процесот на европската интеграција на Западен Балкан во преден план на политичката агенда на Унијата.
-Приоритетите на заедничкото претседателство со Берлинскиот процес се порзаноста во сите нејзини аспекти: транспортот, енергијата, дигитализацијата, како и поврзаноста меѓу луѓето, особено меѓу младите, вклучувајќи и преку образованието, подвлече премиерот Борисов од Давос.
Ново на Сител
-
Воздухопловните сили на сојузничка Италија од денеска ќе патролираат над македонското небо
-
Намален бројот на овци и говеда, зголемен на свињите, козите и живината
-
Намалено производството на овошје, сончоглед, домати и краставици, зголемено на оризот и пиперот
-
Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување против инспектори од ДПИ
-
Уставен донесе одлука граѓаните со попреченост над 65 години да добијат финансиски надоместок
-
Ковачевски се надева дека на ТВ дуелот ќе ги слушне ставовите на Мицкоски за клучните прашања за државата
-
ЈОРСМ за убиството кај Железара: Не се обезбедени докази дека лицата лишени од слобода се сторители на кривичното дело
-
Вештачењето откри - Избришани повици и пораки од телефонот на мајката на исчезнатата Данка