Македонија
15. April 2016 - 16:42

Борисов: Македонија е пред дестабилизација со трајни последици

Македонија е пред дестабилизација со трајни последици. Бугарскиот премиер, Бојко Борисов предупредува на сериозна безбедносни предизвици со кои се соочува Македонија, а со тоа и целиот Балкан. Борисов тврди дека информациите со кои располага покажуваат дека дестабилизацијата што и се подготвува на Македонија оди преку мигрантската криза.
 
На иста линија и Бугарскиот претстедател, Росен Плевнелив кој пак нуди и помош за изнаоѓање решение за кризата.
 
На сериозна загриженост за Македонија предупредува и австрискиот министер за надворешни, Себастијан Курц посочувајчи дека е неприфатливо да се употребува сила врз македонската полиција во зачестените инциденти од страна на големи групи мигранти кои се обидуваат да навлезат од Грција во Македонија.
 
-Инцидентите во кои се применува насилство против македонските безбедносни сили се сосем неприфатливи. Ние сме соочени со апсурдна ситуација во која нерегуларни мигранти користат сила за да влезат од земја членка на Европската Унија во земја која не е членка на ЕУ. Мораме да испратиме јасна порака дека политиката на пропуштање нелегални мигранти низ Западниот Балкан е завршена, вели министерот Курц во интервјуто со МИА. 
 
Тој потенцира дека Унијата мора да стори се што е можно за Македонија да ги заштити своите граници и тесно да соработуваме во борбата против шверцерите со луѓе.