Македонија
14. јуни 2018 - 20:17

Борисов и Захариева му ја затворија вратата на Иванов, Радев вели: Така не се води дијалог

Претседателот Иванов од денеска е во дводневна официјална посета на Бугарија. Според најавите од неговиот кабинет, освен со неговиот домаќин бугарскиот претседател Румен Радев, во Софија требаше да има средби и со Борисов и Захариева.