Борисов и Трамп ќе разговараат за течниот гас и воените трошоци
Бугарскиот премиер Бојко Борисов е во официјална посета на САД, каде денеска ќе има средба со американскиот претседател Доналд Трамп.
Исто така, според БГНЕС, се очекува Борисов и Трамп да разговараат за енергетската диверзификација, изградбата на „Турски поток“, како и терминал за добивање американски течен гас. На средбата ќе стане збор и за влијаниуето на Русија во Бугарија, а се очекува американскиот претседател да ја наметне и темата – корупција.
Посетата на бугарскиот премиер е прва средба меѓу него и Трамп во четири очи. Фактот дека Трамп го кани Борисов во Белата куќа, а не бугарскиот претседател Румен Радев, покажува дека САД сакаат да ги истакнат своите очекувања за Бугарија за конкретни прашања, вклучително и каде земјата се позиционира во новиот европски поредок, а особено односите ЕУ-САД “, ја пренесува БГНЕС оценката на бугарски дипломатски извори.
Во бугарската делегација, предводена од Борисов, се и вицепремиерот Томислав Дончев, вицепремиерот и министер за одбрана Красимир Каракачанов, министерот за финансии Владислав Горанов и министерот за економија Емил Караниколов.
Средбата на американскиот претседател со бугарскиот премиер е дел од серијата разговори со лидерите од централна Европа, а досега Трамп имаше средба со колегите од Полска, Чешка, Словачка, Унгарија, Австрија и Романија.
Ново на Сител
-
Тошковски: Мирен изборен ден
-
Преглед на вести од светот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот