-->
-->
Борисов го поздрави договорот меѓу Македонија и Грција
-->
Бугарскиот премиер Бојко Борисов ги поздрави премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев, како и министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, за договорот меѓу двете држави кој беше потпишан денеска во Преспа.
- Ги поздравувам премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев, како и нивните министри за надворешни работи, за важниот и храбар чекор кој заедно го направија денеска, напиша Борисов на Фејсбук.
- Договорот за спорот за името го отвора патот на Република Македонија кон ЕУ и НАТО. Бугарија секогаш го поддржувала нашиот сосед по овој пат. Најважно сега е граѓаните на сите земји на Балканот да сфатат дека овој договор не води кон територијални претензии или идни проблеми, напротив - ќе ни помогне да живееме заедно подобро, пишува Борисов.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Две жртви и еден повреден во тешка сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк