Македонија
20. јуни 2018 - 19:50

Борисов го честита ратификувањето на Договорот во Грција

Бугарскиот премиер Бојко Борисов упати денеска честитки до Македонија поради ратификувањето на Договорот со Грција, оценувајќи дека тој чекор е „храбар и претставува пресврт“.

- Следните денови се клучни не само за Македонија, туку и за Западен Балкан. Ги повикувам сите пријатели од ЕУ да учествуваат во напорите со цел постабилна и побезбедна Европа, порача Борисов на својот налог на Твитер.