Борисов: ЕУ ќе направи историска грешка ако ги одбие Скопје и Тирана
Македонија и Албанија треба да добијат датум за преговори. Би се направила историска грешка ако не им допуштиме да ги почнат преговорите. Тоа ќе биде тежок удар за народите на двете држави кои заслужуваат да им биде дадена европерспектива, изјави денеска бугарскиот премиер Бојко Борисов пред почетокот на состанокот на лидерите на ЕУ на кој треба да се расправа и за проширувањето на Унијата.
– Доколку биде направена таква грешка тогаш не треба да се лутиме за проблемите што ќе настанат – што ќе има џихадисти, влијанија од Русија, Турција или Кина. Тој вакуум не може да опстојува и ќе мора да биде пополнет од некој друг и тоа не е добро за Бугарија, истакна претседателот на бугарската Влада.
Борисов рече дека не може да ги разбере тврдењата дека постојат ризици од пристапувањето на двете земји.
– Македонија според население и територија е колку Софија и каков ризик може да биде? Таа е како мал европски град и не е во ред да си го покажуваме карактерот против нив. Не сум согласен со тоа. Но, многу од големите европски држави имаат внатрешни проблеми и најлесно е да најдеш надворешен непријател на кого ќе ја префрлиш вината, изјави Бојко Борисов.
Ново на Сител
-
Заев – Дуџак: ОН ја продолжуваат поддршката на нашата држава
-
Приведени криминалци барани со потерница, за затворска казна до 12 години
-
15 починати и 356 нови случаи на Ковид-19 во земјава
-
МВР со детали за пожарот во кочанското село Грдовци во кој загина 46-годишен маж
-
Уапсени двајца скопјани кои нападнале полициски службеник на Бит Пазар
-
Кривична за 30-годишен дилер од Куманово
-
Мицкоски на средба со хрватскиот премиер Пленковиќ
-
Во Австрија жени пријавиле дека војници ги злоставувале при тестирање за коронавирус