Борисов демантира дека ќе се кандидира за претседател на Бугарија
Бугарскиот премиер во оставка, Бојко Борисов, денеска на својот профил на Фејсбук соопшти дека нема да се кандидира за претседател на земјата, пренесе дописникот на МИА од Софија.
Претходно денеска, при отпуштањето од болница, каде беше опериран по спортска повреда на коленото, Борисов предизвика паника кај своите политички противници во Бугарија, изјавувајќи дека доколку самиот стигне до канцеларијата ќе се кандидира за претседател.
„Не, јас нема да се кандидирам за претседател! Ако го остават Радев да се бори на политичката сцена место нив, ние сме подготвени да бидеме категорични опоненти на овој кабинет на задкулисието и да се сретнеме на новите избори, кога и да се тие!”, напиша Борисов на Фејсбук.
Дописникот на МИА од Софија потсетува дека претседателските избори во Бугарија треба да се одржат во октомври или најдоцна на почетокот на ноември годинава. Засега само Румен Радев објави дека ќе се кандидира за втор мандат, а Бугарската социјалистичка партија предводена од Корнелија Нинова соопшти дека ќе го поддржи.
Ново на Сител
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто