Борисов демантира дека ќе се кандидира за претседател на Бугарија
Бугарскиот премиер во оставка, Бојко Борисов, денеска на својот профил на Фејсбук соопшти дека нема да се кандидира за претседател на земјата, пренесе дописникот на МИА од Софија.
Претходно денеска, при отпуштањето од болница, каде беше опериран по спортска повреда на коленото, Борисов предизвика паника кај своите политички противници во Бугарија, изјавувајќи дека доколку самиот стигне до канцеларијата ќе се кандидира за претседател.
„Не, јас нема да се кандидирам за претседател! Ако го остават Радев да се бори на политичката сцена место нив, ние сме подготвени да бидеме категорични опоненти на овој кабинет на задкулисието и да се сретнеме на новите избори, кога и да се тие!”, напиша Борисов на Фејсбук.
Дописникот на МИА од Софија потсетува дека претседателските избори во Бугарија треба да се одржат во октомври или најдоцна на почетокот на ноември годинава. Засега само Румен Радев објави дека ќе се кандидира за втор мандат, а Бугарската социјалистичка партија предводена од Корнелија Нинова соопшти дека ќе го поддржи.
Ново на Сител
-
Ахмети: Од големо значење е Уставот да се промени, земјата да се зачлени во ЕУ
-
Изработувале муниција во нивниот дом, уапсени татко и син од Сирково
-
Потпишани барањата за екстрадиција на Шеваљ Муареми и Мухамед Чајани
-
ДИК: Заврши увидот во Избирачкиот список и регистрацијата на гласачите од дијаспората
-
Ковачевски: Владата подготви закон за рестриктивни мерки, Милошоски да го стави на комисија
-
Трамп: Ако победам, ќе го депортирам принцот Хари доколку лажел на апликацијата за виза
-
ДИК: Црната листа на САД не може да влијае врз претседателската кандидатура на Стевчо Јакимовски
-
Бебе загина во сообраќајка на патот Струмица-Ново Село