Борисов: Бугарските проблеми со бегалците доаѓаат од Грција
Основниот проблем на Бугарија, кој постои во врска со бегалците, доаѓа од Грција, изјави денеска бугарскиот премиер Бојко Борисов.
- Грчката Влада веќе неколку месеци не презема мерки, а распоредувањето на бродовите на НАТО (во Егејското Море), исто така не дава резултати, изјави Борисов во бугарското Собрание, одговарајќи на пратеничко прашање.
Како што јави БТА, Борисов нагласи дека ако поголема група имигранти се обидат да влезат во Бугарија, земјата е поготвена да постави „мала ограда“ на границата.
Тој наглси дека за разлика од Македонија, каде локациите на кои се сместени бегалците се покриени со чакал и има детски игралишта, во Грција усвовите за мигрантите се многу лоши.
Борисов додаде дека се следат сите движења на групите бегалци и дека бугарските служби редовно добиваат информации за тоа.
Бугарскиот премиер изрази и надеж дека со предложениот нов антитерористички закон ќе се надминат сите поблеми со кои сега се соочуват безбедносните служби во врска со можни терористички закани.
- Вознемиреност е основана. Светот е под стрес. Ни претстои летна созона, кога се очекува двојно зголемување на бројот на руски туристи. Се подготвуваат планови за нивна безбедност, исти какви што има за израелските туристи, посочи Борисов.
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море