Балкан
28. February 2020 - 12:51

Борисов: Бугарија ги заострува мерките на границата со Турција

Бугарија ги заостри безбедносните мерки по должината на својата граница со Турција, откако земјата објави дека нема да ги запре сириските бегалци на патот кон Европа.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов изјави дека Бугарија ги заостри мерките откако група мигранти се упатиле кон границата.

– Имаме информации за формирање на големи групи … Ние воспоставуваме максимална контрола на границите, рече Борисов за време на владиниот состанок.

Тој додаде и дека е договорен телефонски разговор со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.