Тенис
25. January 2018 - 12:29

Борисе кај се пехарите!

Борис Бекер изгубил пет од вкупно шесте гренд слем трофеи кои ги освоил во кариерата. Германецот побарал помош за да ги најде трофеите со кои доколку ги продаде ќе успее да покрие дел од долговите.

Поранешниот тренер на Новак Ѓоковиќ во јуни минатата година прогласи банкрот. Неговиот стечаен управник ја извести јавноста со соопштение дека „господинот Бекер не може да се сети каде ги оставил трофеите“.

Германецот не знае каде му се двата трофеа освоени на Австралија опен и три трофеи од Вимблдон, како и златниот олимписки медал.

Веднаш по соопштението се огласија од челниците на Вимблдон, Германската тениска асоцијација, Американската тениска асоцијација и Куќата на славните, кои истакнале дека трофеите не се кај нив.

Борис Бекер првпат го освои Вимблдон на 17-годишна возраст, а во кариерата вкупно освоил 64 титули.