Свет
7. April 2017 - 13:34

Борис Џонсон во работна посета на Грција

Британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон престојува во дводневна работна посета на Грција.

Во соопштението на британскиот Форин Офис се вели дека целта на посетата на Џонсон на Атина е зацврснување на британско-грчките односи и унапредување на соработката во прашањата поврзани со миграцијата, организираниот криминал и контра тероризмот.

Предвидено е во грчкиот главен град, покрај разговорите со неговиот домаќин, министерот за надворешни работи Никос Коцијас, шефот на британската дипломатијата да се сретне и со грчкиот премиер Алексис Ципрас.

- Грција е значаен партнер на Велика Британија. Ние тесно соработуваме во нашата, заедничка безбедност и во прашања поврзани со безбедноста во регионот и за ситуацијата на Кипар. Британија ја напушта ЕУ, но јас со оптимизам гледам кон натамошно зацврснување на нашите историски врски, изјави Џонсон во Атина.