Свет
23. March 2017 - 23:03

Борис Џонсон: Терористичкиот напад во Лондон е напад против целиот свет

Британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон изјави денеска дека терористичкиот напад крај парламентот во Лондон е напад врз целиот свет.

Тој, сепак, изрази увереност дека светот може да го врати „бранот на омраза“ и истакна дека Велика Британија ќе споделува информации за нови закани со партнерите.

Говорејќи за време на посетата во седиштето на ОН во Њујорк, Џонсон пред новинарите изјави дека интернет провајдерите и компаниите зад социјалните медиуми „треба да ги следат содржините кои се појавуваат на нивните сајтови, да бидат внимателни и да ги отстрануваат таквите" текстови и материјали, кога е потребно.