Свет
17. November 2019 - 8:41

Борис Џонсон: Сите кандидати на конзервативците ќе го поддржат договорот за Брегзит

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека од сите кандидати на Конзервативната партија на претстојните избори добил ветување за поддршка на неговиот договор за брегзит.

Сите 635 кандидати ми ветија дека ако бидат избрани, ќе гласаат во Парламентот за одобрување на мојот договор за брегзит, за да можеме да ставиме крај на периодот на неизвесност и конечно да ја напуштиме ЕУ – рече Џонсон во интервју за „Телеграф “.

Џонсон изјави дека му нуди пакт на народот.

Ако гласате за конзервативците, можете да бидете 100 проценти сигурни дека владата на конзервативното мнозинство ќе го одблокира Парламентот и ќе го спроведе брегзит – нагласи Џонсон.

Изборите во Велика Британија ќе се одржат на 12 декември.