Loading Video...
Свет
13. December 2019 - 17:03

Борис Џонсон победи на предвремените парламентарни избори во Велика Британија

Борис Џонсон и Ториевци ја однесоа победата на парламентарни избори во Велика Британија. Според последните информации, како што пренесуваат британски медиуми конзервативцките освоиле 364 мандати во 650-члениот парламент, а лабуристите 203. Џонсон порача дека освиле силен мандат за брегзит да се спроведе до крај.

- Сакам да им се заблагодарам на луѓето од оваа земја што излегоа да гласаат на изборите, кои не сакавме да ги распишеме, но се покажа како историски избори. Ова е шанса за новата влада,  да ја почитуваме демократската волја на британскиот народ, да ја промениме оваа држава на подобро и да го ослободиме  потенцијалот на целиот народ на оваа земја. Тоа е она што сега ќе го направиме.

Разочараноста не ја криешне неговиот ривал, лабуристот Корбин. Кој рече дека се повлелкува од лидерската позиција, и нема повеќе да ја пред оди партијата на избори.

- Брегзит длабоко ја поларизираше и подели оваа земја и ја засени вообичаената политичка дебата. Тоа придонесе за вечерашниот резултат на Лабуристичката партија низ земјава. Социјалната правда и прашањата за потребите на луѓето нема да исчезнат само затоа што се справуваме со Брегзит на начинот на кој Борис Џонсон веројатно планира да се справи со тоа во моментот.

Ова е најголема победа на ториевците во последните 30 години. Повеќе гласови имаше освоено само „железната лејди“ Маргарет Тачер, на изборите во 1983 година.