Борис Џонсон избран за лидер на британската владејачка Конзервативна партија
Борис Џонсон е избран за лидер на британската владејачка Конзервативна партија и воедно ќе ја наследи Тереза Меј на премиерската функција.
Џонсон утре би требало и службено да стане премиер, и тоа откако кралицата ќе го прифати неговиот мандат
Околу 160.000 членови на Конзервативната партија вчера попладне го завршија гласањето за нов лидер на партијата, а се изјаснуваа меѓу поранешниот градоначалник на Лондон и актуелниот шеф на дипломатијата, Борис Џонсон и Џереми Хант. За Џонсон гласале речиси 100 илјади од членовите на партијата.
Џонсон, кој вети дека Велика Британија ќе ја изнесе од ЕУ со или без договор, беше фаворит и во анкетите спроведени пред изборната трка.
Неколкумина членови на Владата на Меј веќе најавија дека ќе поднесат оставки пред Џонсон да стапи на новата функција и самиот да ги отпушти поради противењето на неговата намера Велика Британија да ја изведе од Европската унија без договор.
Британската министерка за образование Ен Милтон денеска поднесе оставка поради „сериозна загриженост“ во врска со Брегзит без договор со ЕУ. Таа во оставката истакнува дека „искрено се надевала“ оти Велика Британија ќе може да ја напушти ЕУ во март со договор.
Министерот за Европа и Америка, Алан Данкан вчера поднесе оставка, а оставки пред три дена најавија и министерот за финансии Филип Хамонд и министерот за правосудство Дејвид Гок.
Ново на Сител
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак