Тенис
7. December 2015 - 11:28

„Борг на дување, Мекинро на кокаин“

Лоредана Берта поранешната сопруга на шведската тениска легенда Бјорн Борг во својата книга изнесе интересни детали за лутите ривали од 70-тите години.

Бјорн Борг и Мекинро одиграа 14 меѓусебни дуели и забележаа по 7 победи. Борг владееше на Вимблдон се додека Мекинро не го победи и го симна од престолот. 
Лоредана во книгата  пишува дека Мекинро се дружел со глумецот Џон Белуши и за време на еден концерт на Сантана бил толку издрогиран што дури и се качил на подиумот, потоа оделе во бордели со проститутки.
За нејзиниот сопруг вели дека едно време живееле во Лондон и дека Борг избегавал секс дури 6 месеци по што таа полудела. 
Шведскиот тенисер често живеел на неговиот ранч во Шведска но не сакал да плаќа чистачка и друго особје по што таа морала да му го одржува дворецот.- Кога Борг се враќаше од патувања земаше кокаин и замислуваше дека игра тенис- пишува неговата сопруга во биографијата.