Борел: Со сегашното темпо, светот нема да се вакцинира пред 2023 година
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел оцени дека глобалното темпо на вакцинација против Ковид-19 е „премногу бавно за ефикасно справување со глобалната пандемија”.
Тој предупреди дека „со сегашното темпо, целиот свет нема да се вакцинира пред 2023 година”.
Зборувајќи пред колегите на самитот Г7, тој посочи за ризикот од нови варијанти што ја поткопуваат ефикасноста на достапните вакцини и можноста коронавирусот „да стане хроничен со ослабување на економското закрепнување”.
Борел обрна внимание и на други дискусии, вклучително и на целокупната цел на групата „да се изгради глобална мултилатерална рамка по Ковид-19, заснована на демократски вредности и основни права”.
Тој додаде дека Г-7 не сака „свет трајно поделен на ривалски блокови”.
„Потребна е глобална заедница за решавање на глобалните проблеми, како што е пандемијата Ковид-19 (и други потенцијални идни пандемии), климатски промени, губење на биолошката разновидност или нуклеарно ширење”.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација