Борел: Договорот меѓу „Газпром“ и Унгарија не го прекршува европското законодавство
– Договорот меѓу руската компанија „Газпром“ и Унгарија за снабдување со гас преку цевки околу Украина, не го прекршува европското законодавство, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел за време на самитот Украина-ЕУ во Киев.
„Газпром“ и унгарската „МВМ ЦЕЕнерџи“ претходно потпишаа два долгорочни договора за снабдување со гас преку „Турски поток“ преку Србија и Австрија, при што и двете рути ја заобиколуваат Украина. Киев изрази разочарување од одлуката на Будимпешта, бидејќи тоа им штети на билатералните украинско-унгарски односи и ја објави својата намера да се обрати до Европската комисија.
Борел истакна дека земјите-членки на ЕУ се слободни да склучуваат билатерални договори.
– Колку што знам, нема ништо незаконски во овој договор меѓу Унгарија и „Газпром“, ништо што би било спротивно на европското законодавствп, нагласи Борел.
Ново на Сител
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
-
30 години Тинекс
-
Силјановска Давкова победи во 60 општини, Пендаровски во 3, Османи во 15, Таравари и Димитриевски во по една
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата
-
Димитриевски победи во Куманово, Таравари во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош
-
Пасоши на воено способните Украинци ќе се издаваат само во земјата