Борче Јанев од Свети Николе го фати Светиот крст во Ростуше
Борче Јанев од Свети Николе го фати осветениот крст во водите на река Радика во Ростуше, што беше положен по повод денешниот голем христијански празник Богојавление – Водици.
Светиот крст во водите на река Радика го положи владиката Партениј, игумен на Бигорскиот манастир, а по него се фрлија стотина млади речиси од сите делови на државата. Владиката Партениј среќниот Јанев го даруваше со зографисана икона од празникот Богојавление.
– Бог се јави. Навистина се јави. Пресреќен сум. Посакувам многу здравје, среќа и радост на сите и благосотојба во државава, порача Јанев.
На традиционалното скокање по крстот, како секогаш заедно со верниците беа и претставници на локалната власт на општина Маврово и Ростуше.
Повереникот за надлежностите на градоначалник, Медат Куртовски, на Јанев му подари телевизор.
– Честит празник на сите православни верници во нашата општина и во нашата држава. Посакувам здравје, среќа и благостојба во сечиј дом, посака Куртовски.
Пред положувањето на Светиот крст беше одржана Божествена Златоустова литургија во црквата „Пресвета Богородица“ во селото Ростуше, од страна на братството на Бигорскиот манастир, на која присуствуваа и сестрите од манастирот „Свети Георгиј Победоносец“.
На литургијата присуствуваа верници од подрачјето на Река и други градови од земјава, кои учествуваа и на трожествената литија која тргна од црквата се до Ростушки Мост на река Радика.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација