Живот
4. January 2017 - 20:34

Борба во прегратка на смртта: Во пресметка на алигатор и питон од 15 метри може да преживее само еден!

Се работи за застрашувачка борба помеѓу еден предатор и неговиот плен – глетка којашто долго време нема да ви излезе од главата.

Додека возел велосипед, еден новинар од Флорида здогледал ретка глетка – борба помеѓу 15 метри долг бурмански питон и алигатор.

Новинарот Капози вели дека вниманието му го привлекло невообичаеното прскање во водата, додека тој возел велосипед низ Националниот парк Јужна Флорида, пренесува Palm Beach Post. Се работело за една застрашувачка борба, борба за паметење.

- Питонот со целата своја должина се обвитка околу алигаторот, додека и двајцата беа под вода и водеа огромна борба за своите животи, изјавил тој.

На крајот, питонот победил, што според мислењето на стручњаците и не е секогаш случај. Така на пример, во 2013-та година било забележано за еден крокодил да успее да усмрти питон, но во 2006-та година било забележано како еден бурмански питон успеал да убие алигатор. Правила во овој случај нема...

Погледнете...