Живот
1. April 2016 - 14:02

Борба на живот или смрт, бивол се бореше со чопор лавови за да го спаси својот "пријател"

Неверојатна храброст поврзаност и посветеност покажал овој афрички бивол, кој влетал буквално во чопор лавови за да го спаси својот другар бивол кој лежел повреден и се борел за живот.
 
Храброто животно без момент на двоумење се втрчало во големите мачки и со своите остри рогови започнало да го фрла наоколу.
 
На жалост, неговиот "пријател" бил толку многу повреден што не можел да стане, па лавовите на крајот се вратиле и го докрајчиле распарувајќи го.
 
Фасцинантине сцени биле снимени во резерватот Мала Мала во Јужна Африка од бразлискиот фотограф Мариангел Матаразо Лии додека бил на сафари со своето семејство.