Бонева: Никому не може да му се одземе правото да учествува на избори
Согласно Уставот и изборниот законик, кога ќе се распишат избори, слободна волја на политичките партии е дали ќе одлучат да учествуваат на тие избори или не, пишува членот на ДИК Силвана Бонева на социјалната мрежа Фејсбук.
-Никој никого не може да присили да учествува на избори, како што никому не може да му се одземе правото да учествува на избори. Затоа, ако само една партија поднесеше листа на пратеници, а не коалиција од 21 партија, како што е коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ДИК е должна да спроведе избори. Впрочем, ДИК во поранешните состави имала искуство и спровела избори на кои учествувал само еден кандидат за градоначалник, а не коалиција, пишува Бонева која ова го дала како одговор на дилемата на членовите на ДИК од СДСМ на денешната седница за тоа дека граѓаните немале избор и дека претседателот на Собранието требало да се извести.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок