Бомба го стресе автобусот на фудбалерите на Борусија Дортмунд, играч тешко повреден
Еден фубалер на Борусија Дортмунд е повреден вечерва при експлозија што се случила во непосредна близина на автобусот на овој германски фудбалски клуб, кој тргнувал кон стадионот „Вестфален“, каде тимот требаше да ја одигра четвртфиналната средба во фудбалската Лига на шампионите против францускиот клуб Монако.
На налогот на социјалната мрежа Твитер, клубот го потврди инцидентот, додавајќи дека при експлозијата е повреден играчот Марк Бартра, кој е пренесен во болница.
- Нашиот автубус се се соочи со инцидент при поаѓањето кон стадионот. Едно лице е повредено. Следуваат повеќе информации, се вели во објавата на клубот.
Како што јави дописникот на МИА од Берлин, инцидентот се случил на 10 километри од стадионот во Дортмунд. Според клубот експлозивна направа била детонирана во непосредна близина на предниот дел од автобусот.
Дефанзивецот на Борусија, Бартра се здобил со полесни повреди по лицето и раката од парчињата стакло од искршените прозорци на автобусот, по што веднаш е пренесен во болница.
Поради експлозијата натпреварот меѓу Борусија Дортмунд и Монако е одложен и презакажан за утре со почеток од 18 часот и 45 минути.
Вториот четвртфинален меч од Лигата на Шампионите, меѓу Јувентус и Барселона, кој на програмата е вечерва, е во тек. Во него по 43 минути игра, Јувентус има предност од 2-0.
Ново на Сител
-
Aца Лукас осомничен за убиството на Лука Радуловиќ?!
-
Ова е дечкото на Лејла од „Карасевда“
-
Баба почна да се соблекува на сцена и сите превртуваа очи: Кога запеа следуваше шок
-
Невиден карамбол во Загреб: Масовно се тепале и жени и деца и трудници, а еден влетал во нив со автомобил
-
Срцепарателно: Коњ отиде на погребот на својот газда, неговата реакција ќе ви ги насолзи очите
-
Автомобил излета од пат кај патарината Градско
-
Пановски донесе радост во Кратово
-
Работнички го совлада Пелистер