Балкан
19. July 2019 - 8:17

Болтон: САД решени да го поддржат продолжувањето на дијалогот меѓу Белград и Србија

Советникот на американскиот претседател за национална безбедност Џон Болтон, во разговор со првиот потпретседател на Владата на Србија и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ, ја потенцира одлучноста на актуелната администрација на САД да го поддржи продолжувањето на дијалогот помеѓу Белград и Приштина, што се води под покровителство на Високиот претставник на ЕУ за  надворешна политика, пренесува Танјуг.

– За време на вчерашните разговори во Вашингтон, на маргините на Министерската конференција посветена на верските слободи, министерот Дачиќ се заложи за натамошно зајакнување на билатералните односи со Соединетите Американски Држави и нивно подигнување на повисоко ниво, особено имајќи го предвид сојузништвото на двете земји во двете светски војни, соопшти Министерството за надворешни работи на Србија.

Болтон се согласил со оценката на Дачиќ за неопходноста од натамошно унапредување на билатералните односи на сите нивоа и ја истакнал решеноста на актуелната администрација на САД за поддршка на што поскоро продолжување на дијалогот помеѓу Белград и Приштина.