Свет
18. February 2020 - 13:58

Болтон изрази загриженост дека Белата куќа се обидува да спречи објавување на неговата книга

Поранешниот советник за национална безбедност на американски претседател Доналд Трамп, Џон Болтон изрази загриженост дека Белата куќа се обидува да спречи објавување на неговата книга.

Имено, Болтон пишува во својата необјавена книга за времето што го поминал како претседателски советник за национална безбедност.

На неговото прво појавување во јавноста по конгресното судење на Трамп, Болтон изрази надеж на универзитетот Дјук во Северна Каролина дека се уште ќе може да ја објави својата книга.

– Треба да одговорам на твитовите на претседателот, истакна Болтон, изразувајќи надеж дека неговата книга нема да биде забранета.

Запрашан да ги коментира твитовите на Трамп за себе, Болтон одговорил со контра прашање: „Тој (Трамп) твита за мене, а јас  не можам да зборувам за тоа. Дали е тоа фер?“

Актуелниот претседател Болтон ја напушти функцијата минатиот септември, по сериозното разгледување за клучните прашања за надворешната политика.

Додека Трамп тврди дека го отпуштил, Болтон го негира тоа и вели дека самиот си дал оставка.