Болсонаро и Лула разменија жестоки критики во последната дебата пред вториот круг од претседателските избори во Бразил
– Бразилскиот десничарски претседател, Жаир Болсонаро, и неговиот левичарски изборен противкандидат, поранешниот претседател Луис Инасио Лула да Силва, синоќа разменија остри вербални критики во нивната последна телевизиска дебата пред тензичните избори, закажани за утре.
Анкетите покажуваат дека Лула е благ фаворит за освојување на третиот претседателски мандат, со што ќе го заокружи своето извонредно враќање на политичката сцена по неговото затворање под обвиненија за корупција, што подоцна беа отфрлени. Меѓутоа, Болсонаро ги надмина анкетите во првиот круг од гласањето овој месец, а многу аналитичари велат дека изборите би можеле да бидат многу неизвесни.
За време на синоќешната дебата, двајцата кандидати меѓусебно си ги напаѓаа карактерите, се обвинуваа дека лажат и постојано одбиваа да си одговараат на прашањата.
Болсонаро ја отвори дебатата со негирање на извештаите дека може да ја одвои минималната плата од инфлацијата, наместо тоа, најавувајќи дека доколку повторно биде избран место тоа ќе ја зголемува минималната плата на 1.400 реали (260 долари) месечно, потег што не е влезен во буџетот на неговата влада за 2023 година.
Сепак, повеќето аналитичари сугерираат дека претседателот не направи доволно за да ја сврти трката во која анкетите покажуваат дека Лула има главно стабилно водство по првиот круг на гласање на 2 октомври. Тогаш Лула победи со пет процентни поени разлика, а тој резултат беше подобар за Болсонаро отколку што предвидуваа повеќето анкети, давајќи му дополнителен поттик, додека последните две недели од кампањата му додадоа ветрот во грбот.
Во нивната прва директна дебата овој месец, Лула го критикуваше справувањето на Болсонаро со пандемијата во која загинаа речиси 700.000 Бразилци, додека Болсонаро се фокусираше на корупциски скандали кои го нарушија угледот на Работничката партија на Лула.
Синоќа и двајцата кандидати постојано се враќаа на двата претседателски мандати на Лула од 2003 до 2010 година, кога високите цени на суровините помогнаа во поттикнувањето на економијата и борбата против сиромаштијата. Лула вети дека повторно ќе ги заживее тие времиња на бум, додека Болсонаро сугерираше дека сегашните социјални програми се поефикасни.
Ново на Сител
-
Прво подготвителна седница па конечна одлука - Уставен следната година ќе одлучува за законот за јазици
-
ДУИ се заканува со нови протести – ВРЕДИ слави
-
Обвинителството оформи предмет за Груби и Беџети, истражува кој плаќал и кој земал поткуп
-
Ахмети: Ако се докаже корупција, Груби сам ќе ја напушти ДУИ
-
Лајчак: Искористете ја шансата за влез во ЕУ, да не останете запоставени
-
ОЈО побара притвор за 9 од вкупно 23 осомничени во акцијата ,,Адитив''
-
Храната поскапува - Власта уверува дека цените ќе паднат со новогодишната кошница
-
Реставрација на споменици на културата