Болниците во Штип, Битола и Тетово ќе прераснат во регионални центри
Клиничките болници во Штип , Битола и Тетово ќе прераснат во регионални центри каде ќе бидат упатувани најголем број од пациентите коишто живеат надвор од главниот град. Во моментов Министерството за здравство работи на зајакнување на капацитетите во повеќе различни специјалности во овие и во општите болници низ државата.
Министерот за здравство посочи дека од почетокот на годинава досега се креирани 28.219 упати од јавни здравствени установи од другите градови кон клиниките во Скопје и Градската општа болница во Скопје.
Врз основа на овие податоци, појасни Тодоров, Министерството изготви детални анализи на потребите од зајакнување на одделни специјалности на ниво на болниците.
- Првично ќе ги опфатиме клиничките болници, како регионални медицински центри кон кои гравитираат жителите на целиот регион, а потоа постепено ќе ги опфатиме и сите општи болници низ државата, рече Тодоров.
Примената на оваа практика ќе почне од Клиничката болница во Штип, која се грижи за здравјето на 250 илјади жители од источниот регион и претставува регионален центар на територијата на источна Македонија.
Ново на Сител
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите