Македонија
30. October 2020 - 16:51

Болниците преполни, се реорганизираат и други клиники за третман на заболени од Ковид-19

Полни се инфективните одделенија со ковид пациенти во цела Македонија. Бројката на хоспитализирани се доближува до 700-тини. Речиси исполнети се креветите и во монтажната болница до инфективна и во самата Клиника.

Во лекувањето на болни со Ковид се вклучува и Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза. Како што велат од установата ако има итна потреба и викендот ќе ги очекуваат првите пациенти.

– Објектот зад мене ќе биде нов Ковид центар, во него ќе се примаат и третираат само пацинети позитивни на коронавирус. Има капацитет од 50 кревети.

Дел од 10-тината пациенти кои биле хоспитализирани во ТБЦ институтот со санитетско возило ќе се префрлат во болницата во Јасеново, а дел ќе ги згрижат на Клиниката за пулмологија. Контролните и останатите прегледи ќе се вршат во диспанзерот во Чаир каде ќе бидат ангажирани двајца лекари. На помош во третманот на ковид пациентите во Институтот ќе дојдат и специјалисти од други интернистички гранки, а ќе се консултираат и со инфектолог.

Доколку се исполни и оваа здравствена установа во следната фаза пациенти со Ковид ќе се хоспитализираат и на Кожната клиника и на Неврологија.

За ова реагираа од здружението на лица со мултиплекс склероза. Во допис до министерот бараат да се преиспита одлуката со цел да не се доведуваат во оспасност пациентите со МС кои се во високоризичите категории.