Македонија
17. јуни 2020 - 16:55

Болничките капацитети во Охрид исполнети

Капацитетите во охридската болница за прием на заболени од Ковид 19 се речиси исполнети, нема да се примаат повеќе пациентите од струшкиот регион. На Инфективното одделение се хоспитализирани 15 пациенти позитивни, а уште 9 високо сомнителни случаи има во дополнително отворените оддели во геријатрија и хируршкото одделение. Докторите , медицинскиот персонал, како и целокупните болнички капацитети се значително оптоварени.

Во интерното одделение пак во Струга моментално има 9 сомнителни пациенти на коронавирусот а дополнителен проблем е што нема епидемиолози и специјалисти по инфектологија тие бараат насоки и упатства од министерството за здравство.

Инаку моменталната ситуација во охридско струшкиот регион е посложена поради зголемениот број лица позитивни на Ковид-19 и тестирања на терен.