Свет
18. February 2016 - 18:10

Болницата во Лестер затвори неколку оддели поради свински грип

Три оддели на болницата во англискиот град Лестер, се затворени откако кај 16 пациенти, заболени од рак, е откриен свински грип.

Сите пациенти, зафатени со вирусот на грип од типот Х1Н1, се ставени во изолација, а онколошките одели на болницата се затворени за други пациенти, за да се спречи избувнување на епидемија.

Други три пациенти од градската болница Гленфилд, се наоѓаат под специјален третман, откако и кај нив е регистриран грип, но засега нема сознанија дека станува збор за свински грип.

Лекарите  ги советуваат лугето кои имаат настинка, или симптоми на грип, да ги одбегнуваат болниците.

Претставник на болницата во Лестер, изјавил за локалните медиуми дека пациентите кај кои е откриен вирусот Х1Н1 биле во трите оддели за хемотерпаија.

„Малку е веројатно дека ке може да се разбере, како свинскиот грип „навлегол„ во одделенијата за рак во болницата во Лестер„- изјави др. Филип Монк од Јавното здравство на Англија.

Според неговото објаснување, оваа зима е сосема нормална, кога станува збор за грипот. Тој вели дека свинскиот грип веќе се третира како „нормална појава„ во здравството, а дека оваа сезона бројот на случаите од овој тип грип, не е висок во Источен Мидлендс и во реонот на Лестер.

Здравствените експерти објаснуваат дека вирусот Х1Н1  на почетокот се има развиено кај свињите, но дека сега е само човечки грип.

Вирусот го напаѓа распираторниот систем кај луѓето и на почетокот болеста е  налик на обичниот грип, затоа што симптомите се речиси идентични.