Боливија: Уапсени над 40 рудари откако претепале до смрт заменик-министер
Повеќе од 40 рудари се уапсени во Боливија за убиството на заменикот-министер за внатрешни работи Родолфо Иљнес, кој беше претепан до смрт за време на рударски протести, пренесе ДПА.
Главниот обвинител Рамиро Гереро рече дека петмина од уапсените се обвинети за директно учество во убиството. Меѓу нив е Карлос Мамани, претседател на Националната федерација на рударски задруги.
Иљнес пристигнал во гратчето Пандуро, на 165 километри југоисточно од Ла Паз, по што бил киднапиран од рударите по обид да ги убеди да започнат преговори.
Боливиските рудари во четвртокот го киднапираа и седум часа го тепале заменикот-министер. Извештајот од аутопсијата покажува дека тој бил мачен шест до седум часа, за време на кои „претрпел тешки повреди по целото тело, фрактура на череп и искршени повеќе ребра“.
Рударите, организирани во независни задруги, поставија улични блокади во знак на протест против законот кој би дозволил нивните членови да учествуваат во синдикати.
Националната федерација на рударска задруги, претставува околу 10 илјади рудари од 900 задруги, ја отфрла можноста за синдикално влијание во рударскиот сектор. Оваа федерација инсистира да биде дозволено странци да инвестираат во задруги и за ублажување на законите за заштита на животната средина.
Претседателот Ево Моралес прогласи три дена жалост поради смртта на заменик-министерот.
Од почетокот на пртестите загинаа и тројца рудари.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар