Бизарно но вистинито
11. December 2015 - 18:17

Болест: Англиски часопис предлага секс со роднините - и како тоа да го правите правилно!

Околу сексот многу се пишува и зборува. Сепак, секогаш некој се наоѓа кој ќе ja помине границaта. Така неодамна е објавена колумна во британското издание на часописот Татлер која привлече големо внимание на различни „мудрости“.

Ако некогаш се прашувате дали е во ред да имате сексуален однос со роднини, полубраќа и полусестри, еве што вели и одобрува Татлер:

1. Полубраќа/полусестри

Проширено семејство, по нивно мислење, доаѓа во предвид кога е сексот во прашање. Можеби не е морално, но технички, не сте во роднинска враска. Само немојте на никого да зборувате ако тоа го правите.

2.Роднини

Некогаш роднините од кралските семејства правеле свадби меѓусебно, а изгледа дека интимните односи и денес не им се толку непознати. Британците така „советуваат“ па ако веќе го правите тоа, користете заштита. Секако, и во овој случај добро е на никого да не зборувате за тоа.

3.Жената на братот

Не е препорачливо ниту пак прифатливо. Сепак, постојат исклучоци. Ако тој е мртов. Тогаш екипата на Татлер смета дека и тоа може да помине.

4. Пријател/пријателка на твојот син/ќерка

Ако се полнолетни - а вие разведени - Зашто да не? Да, тоа е уште еден бисер со кој можете да се сложите. Или можеби подобро не.

5.Пријател/пријателка на твојот поранешен/поранешна

Овој случај е прифатлив ако поранешните партнери се во среќна врска, а нивните поранешни се слободни и спремни за акција.

6.А ако е во прашање стар пријател на таткото?

Се сеќавате на сцената од серијата „Пријатели“ кога Моника почнува да излегува со пријателот на татко и Ричард. Е, изгледа дека е и тоа прифатливо, но пожелно е да имате повеќе од 25 години.

7. Куче Ставрно треба да прашате? Едно големо НЕ.