Боксер гризна ривал за време на меч
Боксерот Каш Али се најде во центарот на вниманието на светските медиуми со своето скандалозно однесување минатата ноќ. Тој беше дисквалификуван откако го гризна својот проитвник Дејвид Прајс за време на нивниот натпревар во тешка категорија.
Додека двајцата се бореа на рингот во петтата рунда, Али, кој веќе беше предупреден од судијата поради недозволен удар во тилот на противникот, го притисна Прајс на земјата. Тој се најде над својот противник од Ливерпул и ги за забите во неговото тело. Прајс се пожали на судијата за однесувањето на неговиот противник.
Али беше дисквалификуван и отстранет од салата од страна на службениците.
По натпреварот, Прајс, кој тврди дека бил гризнат повеќе од еднаш, ја прокоментира ситуацијата пред „Скај Спортс“.
– Да гризнеш човек кога е на подот? Тоа е толку ниско. Тој мора да бидат казнет, вели Прајс.
Али влезе во битката со 15 победи во 15 натпревари, но е загрозен од голема казна и нема да добие паричен надомест за мечот.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализира својата коалиција
-
Еко акција во Прилеп
-
Штипска фирма доби забрана за работа поради загадување
-
Преглед на вести од светот
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Teма на денот со Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите