Македонија
7. October 2020 - 10:31

Боки 13 во болница, повторно се одложи судењето за Меѓународен сојуз

Обвинетиот Бојан Јовановски се лекува во болница па судот го одложи денешното рочиште за предметот Меѓународен сојуз.

-Казнено поправната установа, затвор Скопје, утринава го извести судот дека Бојан Јовановски не е во затворот туку е во болница и не може да биде спроведен до судот, информираше судијата Софче Гаврило Ефремова.

Ова е трето рочиште кое се одложува поради отсуство на обвинетиот Јовановски. Тој на почетокот на минатиот месец беше итно опериран поради проблеми со желудникот.

Зоран Јаневски