Македонија
15. July 2019 - 21:05

Боки 13 со лисици на раце спроведен во кривичниот суд

 

По неколку часа откако беше приведен на граничниот премин Богородица Бојан Јовановски познат како Боки 13 е изведен пред судија за претходна постапка во Кривичниот суд. Тој беше воздржан за коментари. Неговиот татко и неговата адвокатка беа пред судот, според извори на Сител полицијата вршеше претрес во неговиот дом.

Исто така пред судија за претходна постапка во судот беше спроведен и Зоран Милески познат како Зоки Кичеец. 

Обвинителството сега ги терети за примање награда за против законско влијание и перење пари и бара на двајцата да им  се одреди мерка притвор.
 
 

 

Мирјана Давидовска