Македонија
30. January 2020 - 11:10

Боки 13 поседувал 150 пара обувки, 130 очила, 30 капути

Судењето за „Рекет“ продолжи со изведување на материјални докази. Обвинителството презентира што е одземено од домот на Бојан Јовановски.

Се наведува дека при претресот кај Јовановски се одземени повеќе од 300 парчиња гардероба, златен накит, уметнички фотографии од познати македонски сликари, мобилни телефони и други електронски уреди. Пронајдени биле и 100 банкноти во апоени од по 50 евра.

Јовановски рече дека одземањето на облеката било преседан оти не може некој да биде оставен без ниту едно парче облека. Тој и неговиот адвокат побараа парчињата облека да бидат донесени во судница но тоа го одби судот.

Зоран Јаневски