Македонија
28. February 2020 - 17:59

Боки 13 нуди имот како кауција за домашен притвор

Боки 13 нуди дуќан и дел од куќа за да излезе од притвор. Имотот проценет на близу 150 илјади евра вели е гаранција дека нема да побегне. Укинување на притворот бара од Апелациониот суд. Смета дека заканите на обвинителката Вилма Русковска, за тресење од гаќи, по укинување на притворот за Катица Јанева, не треба да имаат влијае врз одлуката на апелационите судии.

Се надевам дека невкусниот речник на Обвинителката Вилма Русковска, нема да влијае врз вас при донесување на одлуката“, рече пред апелационите судии Јовановски.

Во судницата додаде оти Русковска не ја смета за надлежен јавен обвинител, туку како што рече, била „адвокат на две мафии во државата“ кои подоцна ќе ги откриел.

Понудениот имот во замена за укинување на притворот, бил на роднини на Јовановски.

Таа гаранција е од неговите најблиски роднини, од неговата мајка која што ја има добиено по пат на наследство, и од неговиот неподвижен прв братучед кои што се сигурни дека обвинетиот нема да се даде во бегство и затоа ја даваат таа гаранција“, вели Сашко Дуковски, адвокат на Бојан Јовановски.

Во меѓувреме, поради отсуство на сведоци понудени од Јовановски, втор ден по ред се одложува судењето за Рекет. Бизнисмените Владимир Тодоровиќ и Дејан Панделески не се појавија оти биле на службен пат. На рочиштето во понеделник треба да сведочи Сергеј Варошлија.