Македонија
23. December 2019 - 11:36

Боки 13 и Вилма Русковска повторно очи в очи

Бојан Јовановски познат како Боки 13, денеска повторно се соочува со обвинителката Вилма Русковска, во врска со случајот „Меѓународен Сојуз".

Пред околу 15 минути Бојан Јовановски беше спроведен од затвор кај Русковска, каде што треба да го доврши својот исказ. Јовановски во петокот повеќе од осум часа беше на распит кај Русковска.

За овој случај се осомничени и Јасна Мандиќ, таткото на Боки 13, Миле Јовановски, Кристина Блажевска, како и Фросина Ременски.

Истрагата за "Меѓународен сојуз" се однесува за измама и перење на пари.