Македонија
27. November 2019 - 12:47

Боки 13 хоспитализиран во 8-ми Септември

Бојан Јовановски вчеравечер беше пренесен во Градската општа болница 8-ми Септември каде што е и задржан. 

- Лицето Б.Ј. е хоспитализирано во нашата установа заради спроведување контролни прегледи по медицина базирана на докази. Дијагностичките процедури се во тек. По завршување на целата постпка, стручниот колегиум ќе се произнесе за констатираната состојба, соопштија од Градската општа болница.

Јовановски ноќта ја поминал под лекарски надзор откако претходно докторот во притворот побарал од судот тој да биде пренесен во болница.

Пред околу две недели неговиот адвокат Дуковски на прес конференција тврдеше дека Јовановски има сериозни здравствени проблеми и дека никој не сака да издаде решение за негова хоспитализација, но дел од медицинските установи ги демантираа наводите на бранителот . Дуковски посочи дека Боки 13 има нефункционален бубрег и проблеми со желудникот.