Македонија
19. November 2020 - 10:41

Боки 13 бара изземање на судијата Софче Гаврилова

Обвинетиот во случајот Меѓународен сојуз, Бојан Јовановски, на почеток на денешното судење побара изземање на судијата кој го води предметот.

Според Јовановски, судијата Софче Гаврилова, судењето го води пристрасно бидејќи била дел од судечкиот совет во случајот Рекет.

-И вие самата изјавивте дека со оглед дека сте биле дел од Рекет, веќе сте оформиле мислење, па не може да се очекува дека при донесувањето пресуда за Меѓународен сојуз, нема да бидете пристрасни, изјави во судницата Јовановски.

Тој додаде дека предметот е политички, а како што рече, и судијата била политички инструирани.

Судијата Софче Гаврилова, рече дека денешното судење нема да биде прекинато поради барањето за нејзино изземње бидејќи тоа и претходно било барано, па предлогот ќе се разгледа по завршување на денешното рочиште.

Зоран Јаневски