-->
-->
Бока шампион на Аргентина
-->
Фудбалерите на Бока Јуниорс со минималната победа (1:0) над Тигре, на коло пред крајот, ја обезбеди шампионската титула во Аргентина. Единствениот гол на натпреварот го постигна Фабиан Манзон.
Бока ја освои 31-та титула во клупската историја, а повеќе шампионски титули има градскиот ривал Ривер Плејт (36). Инаку, Бока има можност да ја освои двојната круна, бидејќи наскоро ќе игра во финалето на Купот против Росарио Централ.
Карлос Тевез кој оваа сезона одби понуди на неколку европски великани само за да се врати во Бока, емотивно го преживеа освојувањето на титулата.
„Имам освоено многу титули, но оваа е посебна. Поради ова се вратив во Бока, поради ова се живее. Многу ми е тешко сега да зборувам“, рекол Тевез.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората