Фудбал
10. May 2018 - 16:38

Бока ја одбрани титулата во Аргентина

Фудбалерите на Боја Јуниорс ја одбранија шампионската титула во Аргентина откако одиграа 2-2 на гостувањето кај Гимназија Ла Плата.

Славниот клуб од Бомбоњера  водеше во два наврати со головите на Пабло Перез во 12. И Рамон Абиле во 57м но Гимназија успеаваше да се врати благодарение на Колака и Алеман до 81м.

Сепак и нерешен резултат и беше доволен на Бока да ја обезбеди титулата на коло пред крајот бидејќи има 4 бода повеќе од Годој Круз и сега има само три титули помалку од најголемиот ривал Ривер Плата која е на 12.место на табелата.