Македонија
6. May 2021 - 19:54

Бојкот, протести или договор за дигиталните учебници?

Родителите од иницијативата „Настава и учебници мора да има“ се заканија со протест доколку до понеделник МОН не одговори на нивните барања. Во министерството биле дочекани од тројца вработени и по час и половина излегоа без договор. Родителите ја оценија средбата како конструктивна но не целисходна бидејќи ниту била присутна министерката ниту претставници од Бирото за развој на образованието. За сега бојкотот на наставата го ставаат во мирување но доколку не се стопира носењето на законот за дигитални учебници, најавија по радикални чекори.

Фејсбук-групата има над 70 000 приврзаници и од минатиот четврток учествуваат во бојкотот на наставата. Како граѓанска иницијатива сметаат дека треба да има јавна расправа за законот во која и тие ќе учествуват. Главно барааат хартиените учебници да останат во употреба за сите одделенија, но имаат и други барања.

Родителите претходно истото барањето да се стопира носењето на законот за дигитални учебници го испратија до премиерот и Собранието. Во меѓувреме МОН истакна дека бојкот на настава воопшто немало туку дека се работело за изолирани случаи.